Одговорност кон играчите

Пласман на информации

Одговорното приредување на игрите на среќа подразбира давање на информации на играчите, без разлика дали станува збор за веројатност на добивките или за превенција за прекумерното играње игри на среќа, за да можат тие во секое време да донесат исправна одлука за своето учество во играта. Сите информации треба да бидат исправни, прецизни и навремени. Информациите треба бидат поставени на видливи места, за да може секој играч да ги забележи.

Едукација на играчи

Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно приредување на игри на среќа, но и политиката на одговорно играње. Ова се прави за да се намали ризикот за сите играчи, посебно на тие кои припаѓаат на ранливите општествени категории.

Политиките на Државна видеолотарија на Македонија за одговорно играње и приредување на игри на среќа се темелат на превенција и едукација. Во таа насока, ние настојуваме сето ова да го популаризираме, со цел да и го доближиме на широката јавност. Користејќи ги комуникациски канали, сакаме играчите да добијат прилика да се едуцираат и информираат за активности во врска со играњето на игри на среќа, да се насочат кон свесно одбирање на игрите на среќа и учествување во нив. Крајната цел е да се превенира појавата на патолошкото играње во нашето општество.

Проблематично обложување - запомнете ги следните работи

Повеќето од луѓето се обложуваат во рамки на своите можности, но ако чувствувате потреба да го контролирате вашето обложување, следните совети може да ви се од помош:

Водете сметка за времето поминато во игра. Обложувањето треба да биде забава, не да го сметате за начин на заработување на пари. Потрошете го само тоа што сте спремни да го изгубите, немојте да ја бркате добивката. Сите игри на среќа се дизајнирани да обезбедат предност за приредувачот. Добивката е резултат исклучиво на вашата среќа. Не постојат шеми на игра кои гарантираат добивка за учесникот.

Ако сте родител, чувајте ја вашата лозинка на безбедно, а можете да користете и софтвер за да го блокирате пристапот на страните за обложување на вашите малолетни деца.

Ако сакате да се одморите од обложување, 2win има опции за самоисклучување кои се достапни во менито „Моја сметка“, или контактирајте ја корисничката поддршка на support@2win.mk за повеќе информации.

Барање помош за зависноста е логичен избор на личноста која е во индискретна ситуација предизвикана од компулсивна игра. Разговорот со стручен кадар помага и го насочува поединецот да го реши проблемот. Советувањето е бесплатно.

На ваше располагање се достапни стручни лица кои можете да ги контактирате на следните адреси и телефонски броеви за помош:

Работно советувалиште Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје

  • Д-р. Павлина Васкова - Невропсихијатар
  • Д-р. Оливера Суботин Поповска - Психијатар
  • Д-р. Севиме Пашоли - Психијатар
  • Славица Шекуткоска - Социјален работник
  • Абдула Тачи - Клинички психолог

Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот

Телефон: 02/3 165 542 од понеделник до четврток од 15:00 до 18:00 часот

Вторник, среда и четврток од 14:30 до 16:30 часот во Даре Џамбаз, соба бр.14

Инфо е-меил: sos@videolottery.mk

GamCare
1st Floor, CAN Mezzanine Old Street,
49-51 East Road, London, N1 6AH
Телефон: + 44 020 7801 7000
СОС линија: 0808 8020 133 (10.00 - 22.00 7 дена неделно
www.gamcare.org.uk
Е-меил: info@gamcare.org.uk


Gamblers Anonymous
International Service Office
P.O. Box 17173, Los Angeles, CA 90017, USA
Телефон: +1 (626) 960-3500
Факс: +1 (626) 960-3501
www.gamblersanonymous.org
Е-меил: isomain@gamblersanonymous.org


Одговорно играње

Одговорното играње е играње кога имате пари, а не кога Ви требаат пари. Главниот мотив за игра е забава. Одговорното играње значи јасно одредување на прифатливата загуба ( колку сме подготвени да вложиме во игра) пред самото отпочнување со игрите на среќа на ДВЛМ.

1. Игрите на среќа играјте ги заради забава
Доколку повеќе не уживате во игра, прашајте се зошто би продолжиле со играта.
2. Парите кои ќе ги изгубите, сметајте ги за цена на вашата забава
Секоја добивка сметајте ја за награда
3. Одредете износ до кој планирате да трошите
... и не го менувајте
4. Одредете колку од своето време сакате да издвоите за играње на игри и држете се до тоа
Без оглед дали добивате или губите во еден момент, прекинете и заминете кога ќе истече времето кое сте го планирале.
5. Очекувајте загуба
Бидете свесни дека веројатноста да изгубите е поголема од веројатноста за постигнување на добивка.
6. Одредете правило да не играте игри на среќа на кредит
Не позајмувајте пари!
7. Создадете рамнотежа во својот живот
Играњето игри на среќа не би смеело да ви пречи или да ви ги замени пријателите, семејството, работата или некои други активности
8. Избегнувајте лов на загубени пари
Вашите загуби веројатно ќе бидат поголеми, што повеќе се обидувате да го вратите изгубеното
9. Не играјте игри на среќа за да заборавите или да побегнете од емоционална или физичка болка
Во случај играњето да стане повеќе од забава, тоа може да биде вовед во проблеми
10. Едуцирајте се и запознајте се со знаците на проблематичното играње игри на среќа
Што повеќе знаете, носите подобри одлуки во својот живот. Плус, полесно може да ги препознаете оние на кои им е потребна помош