Државна видеолотарија на Македонија - Касинос Аустриа ДОО Скопје (ДВЛМ) е трговско друштво со ограничена одговорност за приредување игри на среќа, во заедничка сопственост на Државна Лотарија на Македонија и Касинос Аустриа Интернационал Македонија.
Основната дејност на друштвото е организирање и приредување електронски и интернет игри на среќа пред се за граѓаните на Република Македонија.
Државна видеолотарија на Македонија - Касинос Аустриа ДОО Скопје е модерна компанија направена по урнек на позитивни примери - европски и светски, успешни државни лотарии, со стручен и искусен кадар, најнова технологија, домаќинско и транспарентно работење.
ДВЛМ работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа. Применуваме најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот, а нудиме модерни, интересни и разновидни игри на среќа
ДВЛМ како компанија го разбира значењето на човечкиот капитал. Одговорно се грижиме и вложуваме во развојот на потенцијалот на човечките ресурси. Во склоп на секторот за човечки ресурси, постои политика за грижа околу едукативниот развој и стручната надградба на вработените, што за компанијата ќе значи развој и напредок на долги рокови. За успешно работење, не се доволни компетенциите кои вработените ги поседуваат, потребно е нивно идно усовршување.
Во ДВЛМ функционира стручен и искусен кадар, работиме транспарентно со две големи цели пред себе – да создадеме модерна мрежа на игри на среќа, а воедно да придонесеме да се збогати понудата за забава на граѓаните на Република Македонија. Преку континуирано подобрување на работните услови, поттикнување на личен развој и примена на систем на наградување, создаваме работно опкружување кое ќе биде темел на успехот на компанијата.
Организациски вредности
Професионалност: Поседуваме потребно знаење и вештини, работата ја извршуваме компетентно, лојално, одговорно и продуктивно.
Етичност: Ги почитуваме општествените и етички норми, принципиелно ги спроведуваме превземените обврски кон играчите, вработените и општественото опкружување.
Општествена одговорност: Со своето работење на општествено одговорен начин сакаме да ги ускладиме очекувањата на играчите, вработените и општественото опкружување. Со тоа сакаме да допринесеме на подобрување на квалитетот на живеењето.
Развој: Државна видеолотарија на Македонија посакува да биде компанија која учи, поттикнува и овозможува развој на вработените, прифаќа и шири нови знаења, поттикнува тимско работење, отворена и прецизна комуникација, како и креативност во функција на индивидуалниот раст и растот на компанијата.
Одговорно приредување игри, сигурно и забавно за играчите и корисно за општеството, сега и во иднина.
Богат асортиман на производи, иновативност, примена на современи технолошки достигнувања и квалитетна услуга со која ќе ги надминеме очекувањата на играчите.
Приредување Интернет игри на среќа на контролиран и општествено одговорен начин со што ќе генерираме повеќе средства за општествено корисни активности и хуманитарни настани.
Преку континуирано подобрување на работните услови, поттикнување на личен развој и примена на систем на наградување, создаваме работно опкружување кое ќе биде темел на успехот на компанијата.