Одговорност кон општеството

За нашата компанија, општеството е особено важна тема. Како компанија, свесни сме за одговорноста која ја имаме. Од тие причини инвестираме во промоција на вредности поврзани со образованието, спортот, негуваме идеја за еднаков третман на сите учесници во општеството.


март 2019 година Државна видеолотарија со донација за скијачкиот клуб Пелистер од Битола

img Државна видеолотарија донираше 100.000,00 денари на Скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Наша цел е да им овозможиме на младите скијачи да добијат шанса да бидат дел од меѓународни натпревари.

Со 100.000, 00 денари донација, Државна видеолотарија го помогна скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Со овие средства младите и талентирани скијачи, кои се дел од овој клуб, добиваат нов предизвик и мотив, да се учествуваат во национални и меѓународни скијачки натпревари за сезоната 2018.2019. Децата скијачи од овој клуб, благодарение на оваа донација, во април, ќе отпатуваат во Франција за да бидат дел од едно меѓународно натпреварување, во кое ќе ја претставуваат нашата земја.

Децата амбициозно и мошне сериозно работеа на подготовките, па со силен мотив, ќе заминат во Франција. Ние се надеваме дека и од ова меѓународно натпреварување, ќе се вратат во Битола со добри пласмани и медали.

Државна видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да ги мотивира и поддржува младите и талентирани луѓе. Нашата цел е да обезбедиме да се негуваат спортскиот дух и вистинските вредности, особено кај најмладите, кои се нашата иднина. Државна видеолотарија сериозно ќе се заложи да им овозможи пристојни услови, за да можат непречено да се фокусираат на своите цели.

февруари 2019 годинаДржавна видеолотарија ги поддржа младите физичари

imgДржавна видеолотарија донираше 200.000,00 денари на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Наша цел е да им овозможиме на младите средношколци-истражувачи да добијат нормални услови, во кои ќе можат да го развиваат и да го надградуваат својот талент, а притоа да бидат успешни амбасадори кои ќе ја претстават земјава во одлично светло пред меѓународната јавност.

Со 200.000,00 денари донација, Државна видеолотарија го помогна Друштвото на физичари на РМ во набавката на неопходните апарати за опремување на соодветна лабораторијата за физика. Оваа лабораторија е неопходна за да можат младите и талентирани ученици физичари да се подготвуваат за меѓународни олимписки натпреварувања надвор од Македонија. Преку донацијата е обезбедена опрема за лабораториски вежби и истражување.

„Лабораторијата ја заслужуваат ученици таленти со цел да можат да добијат подобри услови при подготовките за олимпијади на кои се натпреваруваат со ученици од цел свет.

Република Македонија повеќе од 20 години испраќа млади физичари на олимписките натпреварувања. Освоените медали и признанија говорат во прилог на нашите млади таленти кои достојно ја претставуваат нашава земја во интернационални рамки.“- истакнуваат од Друштвото.

Менторите на македонската екипа оваа година беа проф. д-р Боце Митревски и доц. д-р Ламбе Барандовски, членови на ДФРМ. Тие се сигурни дека овие млади луѓе се спремни и добро подготвени за да се покажат во најдобро светло на реномираните меѓународни натпревари по физика. Во прилог на нивниот квалитет веќе говорат признанијата кои се освоени.

Според информациите од ДФРМ, во тек се подготовките за учество на Европската и Светската олимпијада по физика. Третата Европска Олимпијада по физика ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни во Рига, Латвија, додека јубилејната 50 Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи од 7-15 јули во Тел Авив, Изреал. Во декември ги очекува 16 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки.

Државна видеолотарија посакува нашите олимпијци и годинава да бидат успешни, а нивното знаење да отвори нови предизвици и создаде вредности кои ќе прераснат во убава идна насока на младите од земјава.

Убаво е да се поддржуваат ваквите настани затоа што тие даваат нова надеж. Сите овие меѓународни натпреварувања се придобивка која ќе придонесе за популаризирање на природните науки, во овој случај физиката меѓу младите луѓе. Квалитетните услови во образованието се многу важни. Тие ќе бидат добар поттик за младите да ги усовршат и надградат своите знаења и способности, но и достојно да ја претстават нашата земја на сите натпреварувања како во земјава, така и надвор од неа.

Државна Видеолотарија на РМ, во склоп на својата општествено одговорна мисија, ќе настојува и во иднина да дава поддршка на младите и талентирани луѓе, со цел да овозможи мотивирање на нови знаења, но и нови успеси како во земјава, така и надвор од неа. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме научно - образовните достигнувања, а воедно и ќе се залагаме нашите културни вредност да бидат претставени меѓу младите во светски рамки.

ноември 2018 годинаДржавна видеолотарија со донација од 1.230.000 денари на Универзитетската Клиника за Детска Хирургија

imgДржавна видеолотарија на РМ како модерна компанија, настојува да одговори на предизвиците и условите со кои се соочува модерното време на бизнисот. Последниве години, општествената одговорност стана деловен императив и глобална идеја, а општествено одговорната работа и одржлив развој, станаа своевидно светско движење. Ние како компанија настојуваме да бидеме впечатливо парче од тој тренд. Сакаме да бидеме одговорни кон сите, посебно кон ранливите категории во нашето општество. Во 2015 започнавме со скромен фонд од 261.000,00 денари, кој го зголемуваме секоја следна година. Во следните години за оваа намена беа издвоени 1.200.000,00 денари, па 3.103.000,00 денари, за оваа година, во фондот за општествено одговорна намена, да бидат вклучени 4.337.403 денари. Следната година, овој фонд планираме да биде дополнително збогатен.

Кога ја добивме идејата за детската кардиохирургија при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детска хирургија, раководство на Државна видеолотарија на РМ безрезервно одлучи да ја подржи. Со донација од 1.230.000,00 денари се вклучивме во набавка на апарат кој ќе биде од примарна важност за функционирањето на новоформираниот одел во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детска хирургија.

До крајот на годинава, Државна видеолотарија на РМ како иницијатор поттикнува една друга слична акција, која веруваме ќе резултира со уште еден убав проект кој ќе се однесува на здравствените придобивки за најмладите. Овие активности ќе ги продолжиме и ќе ги прошириме и во текот на следната 2019 година. Сакаме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. Посакуваме и ќе се потрудиме да придонесеме за поголеми придобивки на општеството како целина.

Со тек на време, континуирано следење на новините, задоволување на барањата за квалитет и стандардите на светско ниво, Државна видеолотарија на РМ настојува да прерасне во една од најсилните македонски компании, која ќе има огромен придонес во унапредувањето на националната економија, но и општеството во целина.

септември 2015 годинаДВЛМ со донација за Специјална Олимпијада Македонија

imgДржавна видеолотарија на Република Македонија во склоп на својата визија за општествено одговорна компанија, продолжи во своите настојувања да ги потпомогне оние кои имаат потреба од поддршка, негувајќи ја идејата за еднаков третман на сите во општеството. Со донација ги охрабривме членовите од Специјална Олимпијада Македонија во остварувањето на нивниот предизвик- учество на Летните олимписки игри во Лос Анџелес.

Од 25 јули до 2 август во Лос Анџелес, САД се случуваат Летните Олимписки Игри на Специјална Олимпијада. Станува збор за најголемиот глобален, спортски и  воедно хуманитарен настан, на кој 7.000 атлети и 3.000 тренери од 177 земји ќе се натпреваруваат во 25 Олимписки спортови и ќе ја демонстрираат храброста, решеноста и спортскиот дух пред повеќе од половина милион директни навивачи на спортските арени.

На овој настан годинава, учество има и Специјална Олимпијада Македонија со најголема олимписка делегација во историјата на Македонија. Македонската делегацијата на овие Олимписки игри ќе учествува со 18 атлети кои ќе се натпреваруваат во 4 спортски дисциплини: пливање, пинг-понг, атлетика и јунифајд кошарка (тим составен од регуларна популација и лица со интелектуална попреченост во развојот), 5 тренери и 3 делегати, вкупно 26 лица.

Овој настан е прилика нашата екипа да ја развие својата физичка кондиција, да се радува и забавува, но и да го почувствува натпреварувачкиот дух, а тоа веруваме дека ќе има позитивен одраз врз секој поединец, член на оваа екипа. Токму затоа, тимот на Државна видеолотарија на РМ на сите членови на Специјална Олимпијада Македонија им посака успех во реализацијата на оваа убава мисија.

јули 2015 година Државна видеолотарија ги поддржа младите хемичари од Македонија

imgОд 20 до 29 јули, главниот град на Азербејџан- Баку ќе биде домаќин на 47то издание на Меѓународната олимпијада за хемија. Организатор на оваа олимпијада е Московскиот државен универзитет Ломоносов. Во нивниот кампус во Баку, годинава ќе се соберат 300 ученици од целиот свет. Во трката за медал ќе се вклучи и македонска екипа под менторство на Стефанова Марина и Богданов Јане. Горјан Стојков, Зоран Гаврилов, Стефанова Елена, и Филип Трајковски во Баку ќе се обидат да ги одбранат боите на Македонија со своето знаење од областа на хемијата. 

Државна видеолотарија на РМ препознавајќи го потенцијалот на оваа млада и талентирана екипа, реши да го поддржи нивното учество со донација со која им овозможува да го покажат своето знаење, натпреварувајќи се рамноправно со нивните врсници од светот.

„Животот е огромна хемиска лабораторија, знаат да кажат научниците. Па, затоа ние одлучивме да ги поддржиме оние кои имаат талент и знаење да ја престават хемиската лабораторија од Македонија во Баку. Ни преставува чест, а воедно и задоволство што Државна видеолотарија на РМ има шанса да поддржи талентирани млади луѓе кои ќе се обидат да освојат нови подрачја во светот со своето знаење. Ние го препознавме потенцијалот кај овие младинци, па затоа и решивме да ги охрабриме и да ги растеретиме, оставајќи им простор да го покажат своето знаење во најдобро светло на Меѓународната олимпијада за хемија во Баку. Посакуваме да постигнат успех, а воедно нивното учество да биде поттик за создавање на вредности со кои се покажува дека знаењето отвора нови видици и сознанија, но и можности за долгорочно насочување на младите луѓе“ - изјави директорот на Државна видеолотарија на РМ, Дане Кузмановски.

Меѓународната олимпијада по хемија за прв пат се одржа во 1968, во Прага. Од тој датум, прерасна во годишна традиција која ги собира младите полни со знаење и талент од подрачјето на хемијата, ширум целиот свет. Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија се преставува од пред две години, 2013 во Ташкент и 2014 во Витнам. Во 2013та Филип Илиевски освои бронзен медал и награда за посебен успех.