Интернет игри на среќа - 2win.mk

Брендот 2Win се однесува на платформата за приредување Интeрнет игри на среќа на Државна видеолотарија на Македонија. Во портфолиото на играчката платформа можат да се најдат видеолотариските игри, спортското обложување и обложувањето во живо. Во рамки на видеолотариските игри можат да се освојат и повеќе нивоа на атрактивни Џeкпот добивки.

Нашата визија е да прераснеме во платформа за игри на среќа која ќе биде конкурентна со светски познатите интернет сајтови за игри на среќа. Во перспектива е портфолиото на игри да биде надополнето со играчки содржини како:

img
  • Виртуелни спортови
  • Виртуелно кено
  • Виртуелни трки
  • Виртуелни грепки
  • Казино игри
  • Покер, како и
  • Уплата на традиционалните игри на среќа на Државна лотарија на Македонија

Платформата за интернет игри на среќа се базира на најсовремените технологии кои гарантираат безбедност и доверливост на плаќањата и личните податоци на нашите корисници. Сертифицираните генератори на случајни броеви гарантираат реални и подеднакви шанси за добивка на сите играчи. Во рамки на платформата нудиме голем број на опции за контрола на лимитите за обложување и периодот на игра, во согласност со препораките на ЕУ за одговорни приредувачи на игри на среќа.