Повеќето лица кои се впуштаат во рекреативно коцкање не веруваат дека може да станат зависници. Тие се впуштаат во коцка само понекогаш, никогаш не губат повеќе од неколку илјади денари и секогаш се однесуваат одговорно.
Многу лица може да не се свесни дека нивните коцкарски навики прераснале во зависност, се додека не е премногу доцна.
Истражувањето кое го спровел Националниот орган за проблематично коцкање (National Council on Problem Gambling – SAD) покажува дека на годишно ниво 6-9 милиони Американци имаат проблем со коцкање, а само мал дел од нив бараат проблем во облик на советување или програма за самопомош.
Разоткривањето на одредените митови може да ја зголеми свесноста и да помогне да се зголеми бројот на зависници од игри на среќа кои ќе ја добијат потребната помош.
Митовите за проблематично коцкање вклучуваат :
Мит: Играчите со проблем на зависност од коцка се едноставно неодговорни, всушност може да престанат да се коцкаат кога ќе посакаат.
Факт: Често се верува дека лицата кои имаат проблем со зависности се едноставно неодговорни и со слаба волја. Но, секој може да стане зависник од коцка, без разлика колку и да е одговорна личност. Всушност, дури и луѓе кои имаат долгорочно одговорно однесување можат да развијат зависност од коцка. Еднаш откако ќе бидат понесени од нивната зависност, зависниците не се во можност да ја задржат контролата над својата игра, па нивните постапки стануваат неодговорни со цел да ја нахранат зависноста.
Мит: Коцкањето всушност не е проблем доколку играчите можат финансиски да си го дозволат.
Факт: Само затоа што луѓето имаат пари за трошење, не значи дека нивното однесување не е проблематично. Неумереното коцкање не е само финансиско прашање. Компулсивното играње на среќа влијае на сите сегменти од животот на зависникот, вклучувајќи ја работата и кариерата, пријателите, семејството, па и многу повеќе од тоа. Самото играње е суштината на проблемот, не само финансиските последици од таквото однесување.
Мит: Компулсивните зависници се коцкаат секој ден.
Факт: Патолошки коцкари можат да се коцкаат често, но и мошне ретко, еднаш неделно или еднаш месечно. Кога играњето игри на среќа предизвикува психолошки, финансиски, семејни или емоционални последици, тогаш тоа е зависност.
Мит: Зависниците својата потреба за игра ја задоволуваат со било која игра (се обложуваат на се и сешто).
Факт: Поголемиот број на проблематични или патолошки коцкари имаат омилена игра, преферираат одреден вид на игра, и таа во суштина им предизвикува проблем. Други видови игри може воопшто да не им предизвикаат внимание. На пример, лице кое обожува да игра на слот апарат, воопшто да не го интересира спортско обложување.
Мит: Зависноста од коцка не ги погодува децата
Факт: Претпоставен процент на возрасни со развиени проблеми на зависности од коцка во Висконсин е 5 до 7%, но процентот на адолесцентите со овој проблем е двојно поголем. Малолетниците имаат недоволно развиена самоконтрола и се поподложни на развој на секакви видови зависности.
Мит: Проблематичното и патолошко обложување лесно се препознава.
Факт: Во споредба со зависностите од наркотици и алкохол, зависноста од коцка има многу помалку видливи симптоми. На зависниците им е полесно да го сокријат своето однесување, особено во случај на он-лајн обложувањето. Мошне важно е да се разбере дека поголемиот број луѓе може да ги играат игрите на среќа без негативни последици. Меѓутоа мал процент од нив развиваат огромни економски, семејни, социјални и психолошки проблеми поради проблематичното коцкање. Последиците достигнуваат подалеку од самиот поединец кој ја развил зависност и се протегаат на семејството, пријателите, соработниците и заедницата на играчот.
Извор: G4, The Global Gambling Guidance Group
Ако сте загрижени дека обложувањето го презело текот на вашиот или нечиј друг живот, поставете си ги следните 20 прашања:
Соберете ги одговорите со ДА.
Колку повеќе потврдни одговори имате, толку е поверојатно дека имате сериозен проблем со обложувањето.
Запомнете:
Игрите на среќа се наменети само за забава. Треба да се знае кога да се престане и да се биде свесен кога играњето почнува да преоѓа во нешто друго и поопасно. Не чекајте проблемот да се влоши. Веднаш побарајте помош.