Електронски игри на среќа на ВЛТ апарати

imgОсновната дејност на Државната видеолотарија на Македонија е организирање и приредување на електронски и интернет игри на среќа, согласно позитивната законска регулатива на Република Македонија.

Електронски игри на среќа опфаќаат палета на игри на среќа на специјализирани терминали - ВЛТ апарати, наменети за физички лица над 18 години. За оваа цел ДВЛМ постави видеолотариски терминали од брендот ЕГТ кај нашите деловни партнери. На локациите каде се поставени видеолотариски терминали ширум Македонија, играчите можат да го реализираат играњето на видеолотариските игри на среќа.

imgДржавна видеолотарија на РМ на први јуни 2016 ги започна ЏЕК ПОТ добивките. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 4 илјади до 5 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.

ДВЛМ работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа. Применуваме најсовремена технологија за сигурност и контрола на безбедноста и квалитетот, а нудиме модерни, интересни и разновидни игри на среќа. Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно играње, но и политиката на одговорно приредување на игри на среќа.

ВЛТ локации

Интернет игри на среќа - www.2win.mk

Брендот 2Win се однесува на платформата за приредување Интeрнет игри на среќа на Државна видеолотарија на Македонија. Во портфолиото на играчката платформа можат да се најдат видеолотариските игри, спортското обложување и обложувањето во живо. Во рамки на видеолотариските игри можат да се освојат и повеќе нивоа на атрактивни Џeкпот добивки.

Нашата визија е да прераснеме во платформа за игри на среќа која ќе биде конкурентна со светски познатите интернет сајтови за игри на среќа. Во перспектива е портфолиото на игри да биде надополнето со играчки содржини како:

img
  • Виртуелни спортови
  • Виртуелно кено
  • Виртуелни трки
  • Виртуелни грепки
  • Казино игри
  • Покер, како и
  • Уплата на традиционалните игри на среќа на Државна лотарија на Македонија

Платформата за интернет игри на среќа се базира на најсовремените технологии кои гарантираат безбедност и доверливост на плаќањата и личните податоци на нашите корисници. Сертифицираните генератори на случајни броеви гарантираат реални и подеднакви шанси за добивка на сите играчи. Во рамки на платформата нудиме голем број на опции за контрола на лимитите за обложување и периодот на игра, во согласност со препораките на ЕУ за одговорни приредувачи на игри на среќа.