Видеолотариските игри на среќа опфаќаат палета на игри на среќа на специјализирани терминали – ВЛТ апарати, наменети за физички лица над 18 години. Видеолотариските терминали се од брендот ЕГТ. На локациите каде се поставени видеолотариски терминали ширум Македонија, играчите можат да го реализираат играњето на видеолотариските игри на среќа.
Интернет игрите на среќа на Државна видеолотарија на Македонија се вклучени во понудата на играчката платформа 2Win.mk. Во портфолиото на играчката платформа можат да се најдат видеолотариските игри, спортското обложување, обложувањето во живо и казино игри во живо. Во рамки на видеолотариските игри можат да се освојат и повеќе нивоа на атрактивни Џекпот добивки.
Електронските игри на среќа се игри на среќа кај кои извлекувањето се врши по пат на електронски генератор на случајноста и резултатот се пренесува електронски. И овие игри на среќа се наменети за физички лица над 18 години. Doggy Keno е бројчана игра со извлекување на низа од шест броеви од групата броеви од 1 (еден) до 6 (шест) во подредена низа, при што е важен и редоследот на извлекување. Lucky balls е бројчана игра со извлекување на броеви.
Државна видеолотарија донира 11 107 000 денари за јавното
здравство со цел да придонесе во напорите за справување со
Ковид-19.
Десет милиони денари од оваа сума се наменети за
Министерството за здравство Дополнително, 615 000 денари во
медицинска опрема и материјали за заштита се определени за децата
што боледуваат од малигни заболувања. Донација од 492 000 денари ќе
добие и Јавната здравствена установа - Специјална болница по
гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје.