Политика за квалитет

  1. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА дава квалитетна услуга на своите корисници во согласност со законските барања и со меѓународните стандарди за работа во областа на игрите на среќа.
  2. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА нуди интересни и разновидни електронски и интернет игри на среќа, со примена на најсовремена технологија, при што креира придобивки за корисниците во реално време, независно од местото на пристап и овозможува контрола на безбедноста и квалитетот.
  3. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА соработува со домашни и меѓународни институции и други деловни субјекти, со цел организирање на високо квалитетни и безбедни електронски и интернет игри на среќа.
  4. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА со особено внимание е посветена кон зачувување на животната средина, принципите на општествена одговорност, здравјето и безбедноста на своите корисници и вработени.
  5. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА го поддржува Системот за Управување со Квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.
  6. Врвното Раководството на ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели.
  7. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се стреми да одржува тим од високо квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знaење.
  8. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА се стреми навремено да ги идентификува ризиците во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на услугите, процесите и Системот за управување со квалитет.
  9. ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА во своето работење применува процесен приод и врши идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите.
  10. Врвното Раководството на ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.

Скопје, 25.09.2018

ISO сертификација

Државна видеолотарија на Република Македонија има воспоставено Систем за Управување со Квалитет согласно ЕN-ISO 9001:2015 во доменот на: Приредување на електронски и интернет игри на среќа

ISO сертификација