Одговорното играње е играње кога имате пари, а не кога Ви требаат пари. Главниот мотив за игра е забава. Одговорното играње значи јасно одредување на прифатливата загуба ( колку сме подготвени да вложиме во игра) пред самото отпочнување со игрите на среќа на ДВЛМ.

1. Игрите на среќа играјте ги заради забава
Доколку повеќе не уживате во игра, прашајте се зошто би продолжиле со играта.
2. Парите кои ќе ги изгубите, сметајте ги за цена на вашата забава
Секоја добивка сметајте ја за награда
3. Одредете износ до кој планирате да трошите и не го менувајте
4. Одредете колку од своето време сакате да издвоите за играње на игри и држете се до тоа
Без оглед дали добивате или губите во еден момент, прекинете и заминете кога ќе истече времето кое сте го планирале.
5. Очекувајте загуба
Бидете свесни дека веројатноста да изгубите е поголема од веројатноста за постигнување на добивка.
6. Одредете правило да не играте игри на среќа на кредит
Не позајмувајте пари!
7. Создадете рамнотежа во својот живот
Играњето игри на среќа не би смеело да ви пречи или да ви ги замени пријателите, семејството, работата или некои други активности
8. Избегнувајте лов на загубени пари
Вашите загуби веројатно ќе бидат поголеми, што повеќе се обидувате да го вратите изгубеното
9. Не играјте игри на среќа за да заборавите или да побегнете од емоционална или физичка болка
Во случај играњето да стане повеќе од забава, тоа може да биде вовед во проблеми
10. Едуцирајте се и запознајте се со знаците на проблематичното играње игри на среќа
Што повеќе знаете, носите подобри одлуки во својот живот. Плус, полесно може да ги препознаете оние на кои им е потребна помош

Одговорност кон играчите

Пласман на информации

Одговорното приредување на игрите на среќа подразбира давање на информации на играчите, без разлика дали станува збор за веројатност на добивките или за превенција за прекумерното играње игри на среќа, за да можат тие во секое време да донесат исправна одлука за своето учество во играта. Сите информации треба да бидат исправни, прецизни и навремени. Информациите треба бидат поставени на видливи места, за да може секој играч да ги забележи.

Едукација на играчи

Со цел да се спречат негативните последици од играњето игри на среќа, ДВЛМ посвети посебно внимание на утврдување на стандардите со кои се овозможува реализирање на политиката на одговорно приредување на игри на среќа, но и политиката на одговорно играње. Ова се прави за да се намали ризикот за сите играчи, посебно на тие кои припаѓаат на ранливите општествени категории.

Политиките на Државна видеолотарија на Македонија за одговорно играње и приредување на игри на среќа се темелат на превенција и едукација. Во таа насока, ние настојуваме сето ова да го популаризираме, со цел да и го доближиме на широката јавност. Користејќи ги комуникациски канали, сакаме играчите да добијат прилика да се едуцираат и информираат за активности во врска со играњето на игри на среќа, да се насочат кон свесно одбирање на игрите на среќа и учествување во нив. Крајната цел е да се превенира појавата на патолошкото играње во нашето општество.

 

Проблематично обложување

Запомнете ги следните работи


Повеќето од луѓето се обложуваат во рамки на своите можности, но ако чувствувате потреба да го контролирате вашето обложување, следните совети може да ви се од помош:

Водете сметка за времето поминато во игра. Обложувањето треба да биде забава, не да го сметате за начин на заработување на пари. Потрошете го само тоа што сте спремни да го изгубите, немојте да ја бркате добивката. Сите игри на среќа се дизајнирани да обезбедат предност за приредувачот. Добивката е резултат исклучиво на вашата среќа. Не постојат шеми на игра кои гарантираат добивка за учесникот.

Ако сте родител, чувајте ја вашата лозинка на безбедно, а можете да користете и софтвер за да го блокирате пристапот на страните за обложување на вашите малолетни деца.

Ако сакате да се одморите од обложување, 2win има опции за самоисклучување кои се достапни во менито „Моја сметка“, или контактирајте ја корисничката поддршка на support@2win.mk за повеќе информации.

Барање помош за зависноста е логичен избор на личноста која е во индискретна ситуација предизвикана од компулсивна игра. Разговорот со стручен кадар помага и го насочува поединецот да го реши проблемот. Советувањето е бесплатно.

На ваше располагање се достапни стручни лица кои можете да ги контактирате на следните адреси и телефонски броеви за помош:

Работно советувалиште Дом на хуманитарни организации Даре Џамбаз, ул. 11 Октомври бр.42, Скопје

  • Д-р. Павлина Васкова - Невропсихијатар
  • Д-р. Оливера Суботин Поповска - Психијатар
  • Д-р. Севиме Пашоли - Психијатар
  • Славица Шекуткоска - Социјален работник
  • Абдула Тачи - Клинички психолог

Дежурен тел. 072/809-809 секој работен ден од 8:00 до 20:00 часот

Телефон: 02/3 165 542 од понеделник до четврток од 15:00 до 18:00 часот

Вторник, среда и четврток од 14:30 до 16:30 часот во Даре Џамбаз, соба бр.14

Инфо е-меил: sos@videolottery.mk

GamCare
1st Floor, CAN Mezzanine Old Street,
49-51 East Road, London, N1 6AH
Телефон: + 44 020 7801 7000
СОС линија: 0808 8020 133 (10.00 - 22.00 7 дена неделно
www.gamcare.org.uk
Е-меил: info@gamcare.org.uk


Gamblers Anonymous
International Service Office
P.O. Box 17173, Los Angeles, CA 90017, USA
Телефон: +1 (626) 960-3500
Факс: +1 (626) 960-3501
www.gamblersanonymous.org
Е-меил: isomain@gamblersanonymous.org


Митови за проблематично обложување

Повеќето лица кои се впуштаат во рекреативно коцкање не веруваат дека може да станат зависници. Тие се впуштаат во коцка само понекогаш, никогаш не губат повеќе од неколку илјади денари и секогаш се однесуваат одговорно.

Многу лица може да не се свесни дека нивните коцкарски навики прераснале во зависност, се додека не е премногу доцна.

Истражувањето кое го спровел Националниот орган за проблематично коцкање (National Council on Problem Gambling – SAD) покажува дека на годишно ниво 6-9 милиони Американци имаат проблем со коцкање, а само мал дел од нив бараат проблем во облик на советување или програма за самопомош.

Разоткривањето на одредените митови може да ја зголеми свесноста и да помогне да се зголеми бројот на зависници од игри на среќа кои ќе ја добијат потребната помош.


Митовите за проблематично коцкање вклучуваат :

 

Мит: Играчите со проблем на зависност од коцка се едноставно неодговорни, всушност може да престанат да се коцкаат кога ќе посакаат.

Факт: Често се верува дека лицата кои имаат проблем со зависности се едноставно неодговорни и со слаба волја. Но, секој може да стане зависник од коцка, без разлика колку и да е одговорна личност. Всушност, дури и луѓе кои имаат долгорочно одговорно однесување можат да развијат зависност од коцка. Еднаш откако ќе бидат понесени од нивната зависност, зависниците не се во можност да ја задржат контролата над својата игра, па нивните постапки стануваат неодговорни со цел да ја нахранат зависноста.

 

Мит: Коцкањето всушност не е проблем доколку играчите можат финансиски да си го дозволат.

Факт:  Само затоа што луѓето имаат пари за трошење, не значи дека нивното однесување не е проблематично. Неумереното коцкање не е само финансиско прашање. Компулсивното играње на среќа влијае на сите сегменти од животот на зависникот, вклучувајќи ја работата и кариерата, пријателите, семејството, па и многу повеќе од тоа. Самото играње е суштината на проблемот, не само финансиските последици од таквото однесување.

 

Мит: Компулсивните зависници се коцкаат секој ден.

Факт: Патолошки коцкари можат да се коцкаат често, но и мошне ретко, еднаш неделно или еднаш месечно. Кога играњето игри на среќа предизвикува психолошки, финансиски, семејни или емоционални последици, тогаш тоа е зависност.

 

Мит: Зависниците својата потреба за игра ја задоволуваат со било која игра (се обложуваат на се и сешто).

Факт: Поголемиот број на проблематични или патолошки коцкари имаат омилена игра, преферираат одреден вид на игра, и таа во суштина им предизвикува проблем. Други видови игри може воопшто да не им предизвикаат внимание. На пример, лице кое обожува да игра на слот апарат, воопшто да не го интересира спортско обложување.

 

Мит: Зависноста од коцка не ги погодува децата

Факт: Претпоставен процент на возрасни со развиени проблеми на зависности од коцка во Висконсин е 5 до 7%, но процентот на адолесцентите со овој проблем е двојно поголем. Малолетниците имаат недоволно развиена самоконтрола и се поподложни на развој на секакви видови зависности.

 

Мит: Проблематичното и патолошко обложување лесно се препознава.

Факт: Во споредба со зависностите од наркотици и алкохол, зависноста од коцка има многу помалку видливи симптоми. На зависниците им е полесно да го сокријат своето однесување, особено во случај на он-лајн обложувањето. Мошне важно е да се разбере дека поголемиот број луѓе може да ги играат игрите на среќа без негативни последици. Меѓутоа мал процент од нив развиваат огромни економски, семејни, социјални и психолошки проблеми поради проблематичното коцкање. Последиците достигнуваат подалеку од самиот поединец кој ја развил зависност и се протегаат на семејството, пријателите, соработниците и заедницата на играчот.

Извор: G4, The Global Gambling Guidance Group

 

Самоевалуација за проблематично обложување

Ако сте загрижени дека обложувањето го презело текот на вашиот или нечиј друг живот, поставете си ги следните 20 прашања:

  1. Дали некогаш сте изостанале од работа, факултет или те ги запоставиле своите обврски поради играње игри на среќа?
  2. Дали играњето игри на среќа влијаело на Вашиот семеен живот?
  3. Дали играњето игри на среќа лошо влијаело на Вашиот углед во општеството?
  4. Дали некогаш сте почувствувале грижа на совест по играње игри на среќа?
  5. Дали некогаш сте играле игри на среќа за да ги отплатите долговите или да ги решите финансиските тешкотии?
  6. Дали играњето игри на среќа влијаело на Вашите амбиции или ефикасност?
  7. Дали по загубата сте почувствувале дека мора да го вратите изгубениот износ?
  8. Дали по добивката, имате силна потреба уште да освојувате?
  9. Дали некогаш сте играле игри на среќа се додека не сте го потрошиле и последниот денар?
  10. Дали некогаш сте позајмиле пари за игри на среќа?
  11. Дали некогаш сте продале нешто за да имате пари за играње игри на среќа?
  12. Дали парите од добивката или оние наменети за игри на среќа со тешко срце го користите за вообичаените животни трошоци?
  13. Дали станавте невнимателни поради игрите на среќа па ја запоставивте својата или благосостојбата на Вашето семејство?
  14. Дали некогаш сте играле игри на среќа подолго од планираното?
  15. Дали игрите на среќа ви преставуваат обид за бегство од грижи, тешкотии, досада или осаменост?
  16. Дали некогаш сте размислувале или сте направиле некоја противзаконска работа за да присоберете пари за игрите на среќа?
  17. Дали некогаш игрите на среќа Ви предизвикале тешкотии со спиење или несоница?
  18. Дали играњето на игри на среќа предизвикуваат караници, разочарувања или фрустрации кај Вас?
  19. Дали по некој среќен настан имате ли порив да се почестите со неколку часа играње на среќа?
  20. Дали сте помислиле на самоубиство поради проблемите кои ги предизвикало Вашето играње на среќа?

 

Соберете ги одговорите со ДА.

Колку повеќе потврдни одговори имате, толку е поверојатно дека имате сериозен проблем со обложувањето.

Запомнете:

Игрите на среќа се наменети само за забава. Треба да се знае кога да се престане и да се биде свесен кога играњето почнува да преоѓа во нешто друго и поопасно. Не чекајте проблемот да се влоши. Веднаш побарајте помош.